OLYNTH NASAL SPRAY 1mg/ml , 10ml Product Main Image

OLYNTH SPREJ ZA NOS 1mg/ml , 10ml

Произведувач: FAMAR HEALTH CARE SERVICES

339,00 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

Olynth 1mg/ml е назален спреј (спреј за нос) кој се користи за краткотрајно олеснување на симптомите на затнат нос (назална конгестија). Наменет е исклучиво за возрасни и деца над 12 години.
Основни карактеристики и aктивна супстанција: Ксилометазолин хидрохлорид (xylometazoline) во концентрација од 1 mg/ml.
Спаѓа во групата на лекови наречени симпатомиметици (деконгестиви). Предизвикува стеснување на крвните садови во носната слузница, со што брзо го намалува отокот, го олеснува дишењето и го подобрува протокот на воздух.
Индикации
Спрејот се применува за намалување на отокот на носната лигавица кај :
Акутна настинка и течење на носот.
Алергиски ринитис (вклучувајќи поленска треска) и хроничен ринитис.
Синузитис (воспаление на синусите) за да се олесни празнењето на секретот.Воспаление на средното уво (како помошна терапија за одзатнување на Евстахиевата туба) .
Дозирање и начин на употреба : Најчесто се аплицира по 1 вбризгување во секоја ноздра, до 3 пати на ден (по потреба).
Лекот смее да се користи од 5 до 7 дена континуирано.
Важно предупредување: Прекумерна или долготрајна употреба (подолго од 5-7 дена) може да предизвика спротивен ефект – хронично отекување на слузницата и зависност од спрејот (медицински ринитис).

Слични Продукти