AQUA MARIS SET NASAL Product Main Image

AQUA MARIS SET ZA ISPIRANJE NOS

Произведувач: ЈАДРАН, JADRAN

987,00 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

Систем за измивање на носот и синусите, природна морска сол со етерични масла
Aqua Maris® Talasoterapija природна морска сол од Јадранот со повеќе од 80 минерали, збогатена со етерични масла од мирта и смил, наменета е за користење со Aqua Maris® Talasoterapija систем за измивање на носот и синусите. Со измивање се чисти носот и се отстранува вишокот секрет, а постапката е удобна и едноставна. Морска сол, етерично масло од мирта, етерично масло од смил.
Содржината на една кесичка растворена во Aqua Maris® садот за измивање на носот и синусите ( до соодветната ознака) одговара на изотоничен раствор од 320 ml. Волуменот на садот е доволен за измивање на двете носници.
Без конзерванси.Aqua Maris® Talasoterapija систем за измивање на носот и синусите наменет е за: лица со акутен и хроничен ринитис или синузитис и алергии,по хируршки интервенции на носот ( советување со лекар), одржување на хигиена на носот и носната шуплина, особено кај спортисти и рекреативци , како и при отежнато дишење предизвикано од престој во климатизирани и централно загревани простории.
Лицата кои имаат потешкотии со синусите и алергиите, постапката на измивање може да ја повторуваат неколку пати седмично.
За спортистите и рекреативците се препорачува измивање на носот пред физичка активност, а при отежнато дишење по потреба.
Начин на употреба-Збогатената морска сол од кесичката се става во садот за измивање, се додава провриена па изладена, млака вода (околу 37 °C) до ознаката на садот, се проклумкува и над мијалник се измиваат носот и синусите на следниот начин:Наведнете се кон напред, главата ротирајте је на страна, а брадата држете је „притисната„ кон градите. Врвот на садот наслонете го на носницата и наместете го добро за да ја затворите носницата. Дишете на уста.Започнете со измивање, растворот ќе истекува низ спротивната носница.Растворот минува низ носната шуплина и освен што темелно ги чисти каналите на носот, нежно масира низа нервни завршетоци во синусите.„ Издувајте„ го носот во три положби :Наведнете ја главата кон напред во „висечка„ положба, свртете ја на една страна, затворете ја долната носница и лесно дувнете низ горната носница.Навалете ја главата кон напред во „висечка„ положба и дувнете низ истата носница.Исправете се и ,,издувајте„ ја носницата во исправена положба.

Слични Продукти