AQUA MARIS strong nasal spray 30ml Product Main Image

AQUA MARIS STRONG SPREJ 30ml

Произведувач: ЈАДРАН, JADRAN

248,98 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

100% природен спреј за нос
Хипертоничната морска вода од Јадранско Море на природен начин го одзатнува носот кај настинка, алергија и грип. Соодветен е за употреба кај возрасни и деца постари од 3 години. Сигурен е за примена кај бремени жени. 100% морска вода од Јадранско море.
Благотворната морска вода од Јадранско море богата е со соли и олигоелементи. Олигоелементите присутни во растворот имаат важна улога во одржување на нормална функција на слузницата на носот што овозможува проодност на горните дишни патишта.
Без адитиви и конзерванси. Не предизвикува навикнување.
Aqua Maris® Strong дејствува како природен деконгестив (го одзатнува носот). Поради високата концентрација на соли, хипертоничниот раствор го „извлекува„ вишокот течност од слузницата на носот по принцип на осмотски градиент со што се намалува отокот и се олеснува дишењето преку нос.
Се препорачува на лица со затнат нос и отежнато дишење при:алергии, настинки и грип.
Може да се користити самостојно или во комбинација со стандардна терапија.
Aqua Maris® Strong дозираниот спреј за нос распрснете го 1-2 пати во секоја носница неколку пати на ден, а по потреба и повеќе. Користете го додека трае назалната конгестија, а потоа за одржување на хигиената на носот, продолжете со Aqua Maris® Classic спреј за нос (изотонична морска вода).
Бидејќи Aqua Maris® Strong спрејот за нос ја поддржува физиолошката состојба на слузницата и нема системско дејство, соодветен е за возрасни и деца постари од 3 години.

Слични Продукти