Состав: Активни состојки: ксилометазолин хидрохлорид и декспантенол.
Секој мл од растворот од спрејот за нос содржи 1 мг ксилометазолин хидрохлорид и 50 мг декспантенол.
Помошни супстанции: калиум дихидроген фосфат, динатриум фосфат додекахидрат и пречистена вода.
Употреба: Препорачана доза за возрасни е едно прскање во секоја носница, до 3 пати дневно, по потреба. Дозата зависи од индивидуалната осетливост и клиничката ефикасност. Не се препорачува употреба на овој лек повеќе од 7 дена. Повторна употреба е можна по пауза од неколку дена.
Препорачана доза за деца на возраст над 6 години е едно прскање во секоја носница, до 3 пати дневно, по потреба. Во врска со времетраењето на употребата кај деца, секогаш советувајте се со лекар.
Начин на употреба: Најнапред отстранете го заштитното капаче од спрејот. Пред првата употреба или ако спрејот не бил употребуван подолг период, притиснете ја главата на спрејот неколку пати се додека не се појави фин спреј. Внесете го врвот на спрејот, колку е можно поисправено, во едната носница и притиснете ја еднаш главата на спрејот. Нежно вдишувајте преку носот додека прскате. По потреба, повторете ја постапката и во другата носница. По секоја употреба избришете го врвот на спрејот со хартиено марамче и вратете го заштитното капаче.
Септаназал за возрасни се употребува:За намалување на отокот на носната слузница при воспаление на носната слузница (ринитис) и за заздравување на повредите (лезиите) на слузницата.За олеснување при неалергиско воспаление на носната слузница (вазомоторен ринитис),За лекување на отежнато дишење низ носот по операција на носот.